Мајката или таткото: има ли Русија појака бомба од САД?

Припадник на специјалните сили на Авганистан нишани додека ги набљудува непријателските позиции во областа Ахин во провинцијата Нангархар, источен Авганистан. 14 април 2017.

Припадник на специјалните сили на Авганистан нишани додека ги набљудува непријателските позиции во областа Ахин во провинцијата Нангархар, источен Авганистан. 14 април 2017.

Ројтерс
САД за првпат ја користеа во борбени дејствија најмоќната ненуклеарна бомба, таканаречената „Мајка на сите бомби“. Русија, пак, располага со полнеж кој е совршено прилагоден за улогата на „Таткото“.

Американската бомба GBU-43, фрлена на 13 април врз комплекс од утврдувања на „Исламска држава“ (ИД) во Авганистан, е позната уште и како „Мајка на сите бомби“ поради разурнувачката сила од 11 тони тротилов еквивалент. Ова е прва борбена употреба на бомбата, направена уште во 2003 година.

 GBU-43/B. Извор: Press/Global Look Press GBU-43/B. Извор: Press/Global Look Press

Нејзиниот руски аналог се појавува 4 години подоцна - излегува дека е четири пати помоќен и добива не помалку патетичното име „Татко на сите бомби“. Тестовите со новото оружје се одржаа на 11 септември истата година, на шестата годишнина од терористичкиот напад врз САД. Рускиот воен ресор прогласува дека новата бомба е создадена за борба против тероризмот.

Кои се предностите на овие супербомби

Ударот на позициите на ИД на 13 април уништува најмалку 36 џихадисти, магацини за оружје, воена техника и уништува неколку подземни тунели низ кои екстремистите се движеле без да бидат забележани од американските војници. Претседателот Доналд Трамп ја нарече операцијата „многу успешна мисија“ на вооружените сили на САД.

Ал Вајморстс (лево), творецот на GBU-43/B MOAB, и Џозеф Феленц, главниот конструктор, гледаат преку прототипот на бомбата пред да биде пребоена и тестирана. Извор: ZUMA Press/Global Look PressАл Вајморстс (лево), творецот на GBU-43/B MOAB, и Џозеф Феленц, главниот конструктор, гледаат преку прототипот на бомбата пред да биде пребоена и тестирана. Извор: ZUMA Press/Global Look Press

Рускиот аналог на GBU-43 официјално се нарекува „волуменска-детонирачка воздухопловна бомба“ (ОДАБ). Нејзината деструктивна моќ е слична на онаа на нуклеарните глави. Но, за разлика од нив, благодарение на таканаречената „обемна експлозија“, таа не остава зад себе радиоактивен облак.

„Полнежот од типот на ОДАБ, но со помала моќност, се користат во различни војни во последниве 50 години. На пример, со слични бомби Американците ги расчистуваа џунглите во Виетнам, за да можат потоа таму да слетаат хеликоптери, а ние имаме бомбардирано со нив во пештерите Тората-Бора во Авганистан во кои се криеја муџахедините“, вели за „Руска реч на македонски“ професорот од Академијата за воени науки Вадим Козјулин.

Според него во СССР и Русија најмоќната авионска муниција е волуменско-детонирачката бомба ОДАБ-1500 и муницијата ФАБ-9000.

Особености на конструкцијата на руската бомба

Во предниот дел на рускиот „татко“ се наоѓа уред кој при активирање распрскува експлозиви во внатрешноста на полнењето. Притоа распрснувањето се врши во определено од страна на операторот на бомбата време.

„Аеросолите се претвораат во мешавина која се активира со детонатор. Бомбата создава ударен бран, која во зоната на експлозијата образува безвоздушна вакуумска средина. И благодарение на создадената разлика во притисокот, сите објекти во епицентарот на експлозијата буквално се растргнуваат однатре - било да се тоа луѓе, техника, утврдувања или други одбранбени капацитети на противникот“, прецизира за „Руска реч на македонски“ воениот аналитичар на весникот „Известија“ Алексеј Рам.

Според оценките на американското издание „Нешнал Интерест“ (National Interest), независно од помалите димензии, руската бомба е четири пати помоќна од „мајката“ на САД. Експлозијата на рускиот „татко“ одговара на 40 тони тротилов еквивалент наспроти 10 на „Американката“. Освен тоа радиусот на пораз на ОДАБ е 20 пати поголем од оној на GBU-43. Но, каква е судбината на рускиот „татко“ - не е познато. По 2007 година не постојат информации за тестирања или употреба на ова оружје.

Како што нагласува Рам, волуменско-детонирачката бомба е класифицирана од ОН како „нехумано средство за водење војна, кое предизвикува прекумерно страдање на луѓето“.

„Независно од тоа, оружјето не е забрането со никакви конвенции на ОН и не е вклучено во ниту еден договор за намалување на вооружувањето. Во Русија се на мислење дека оваа бомба може да биде заменета од голем број тактички нуклеарни боеви глави, кои се наоѓаат на вооружување. Кон слична позиција се придржуваат и САД во однос на своите мали атомски боеви глави“, нагласува експертот.

Според него, благодарение на тоа, конгресот на САД одлучува да ја забрза програмата за развој и производство на овој вид оружје. Притоа американските воени експерти не кријат дека ова оружје се создава за нанесување на удари по нуклеарните објекти на Иран и на Северна Кореја.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња