Борбена „Нива“: Претставено ново возило за огнена поддршка

Алексеј Моисеев

На вториот по ред научно-технички форум „Денови на напредни технологии за вооружените сили 2018“ одржан во подмосковскиот град Балашиха е претставено новото возило за огнена поддршка ВИС 29467. Иако во предниот дел возилото потсетува на легендарната „Лада 4x4“, се работи за првиот примерок на воена техника, максимално прилагодена за водење борбени дејствија, извидувачки и противдиверзантски операции.

Возилото може да биде опремено со различни видови вооружување, како што се лансерите на гранати АГС-17 или АГС-30 и митралезите „Печенег“, „Утјос“ или „Корд“.

Различни противтенковски ракетни системи можат исто така да се постават без проблем. ВИС 29467 може да транспортира минофрлач со калибар 82 мм со борбен комплет.

Може да се инсталира и специјалниот систем „Туча“ заради правење чадни завеси.

Должината на возилото изнесува 4500 мм, ширината 1750 мм, а висината 1850 мм.

Тежината заедно со опремата достигнува 1960 кг. Може да понесе 640 килограми. Возилото го движи мотор кој развива 95 коњски сили, а менувачот е мануелен, со пет брзини напред и една брзина назад. Резервоарот е со запремнина од 42 литри, клиренсот 240 мм, додека максималната брзина изнесува 110 километри на час.

Во локалните конфликти, вклучувајќи го и актуелниот сириски, се покажа дека во единиците кои извршуваат специјални задачи е неопходна таква техника која е исклучително мобилна и не е скапа.

Прочитајте повеќе: Претставен блиндираниот „Есаул“ вооружен со противтенковски ракетен систем „Корнет“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња