Претставен блиндираниот „Есаул“ вооружен со противтенковски ракетен систем „Корнет“

Алексеј Моисеев/«Российская газета»

Оклопното возило „Есаул“ создадено врз база на УАЗ „Патриот“, вооружено со противтенковски ракетен систем „Корнет“ е претставено на вториот по ред научно-технички форум „Денови на напредни технологии за вооружените органи“ што се одржува во Подмосковје.

Според надворешниот изглед возилото многу малку се разликува од обичниот пикап на Улјановската фабрика за производство на автомобили. Сепак, и покрај тоа, се работи за вистинско борбено возило со оклопна заштита и резервоар за гориво отпорен на оган. На возилото е монтиран специјален држач, на кој се инсталира противтенковскиот ракетен систем, додека во внатрешноста на возилото се наоѓа борбен комплет со наведувани ракети.

Автомобилот е, според информациите на производителот, тежок 3500 килограми, а може да превезува и до илјада килограми товар.

Должината на противтенковското возило „Есаул“ изнесува 5110 мм, ширината 1990 мм, а висината 1915мм.

Возилата можат да бидат опремени со мотори кои развиваат 114 или 135 коњски сили, па во согласност со тоа и автономијата на движење е 680 односно 815 километри. Максималната брзина достигнува 140 километри на час. Запремнината на резервоарот е 72 литри.

Претходно беше објавено дека Росгвардија планира да набави „Корнети“ са термовизиски нишани. Ова високопрецизно оружје може успешно да се користи не само во борба против блиндирани подвижни цели, туку и за уништување на снајперски гнезда и други огнени точки на терористите.

Прочитајте повеќе: Специјалците на руските десантни сили се префрлија на ракетни пикап возила

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња