Еден од нив е пограничниот брод „Аметист“ кој истовремено патролира по должината на Кримскиот мост, така што на овој грандиозен објект никој не може да му се доближи незабележан од правец на морето, соопштува РИА „Новости“.
„Аметист“ е исто така наменет за борба против тероризмот и морските пирати.
Утрото на 16 мај Кримскиот мост беше отворен за сообраќај за патнички автомобили и автобуси. Товарниот сообраќај преку мостот ќе биде пуштен есенва. Во текот на првиот час преку мостот поминаа преку илјада автомобили. Од моментот на неговото отворање за друмски сообраќај, преку Кримскиот мост поминаа, во двата правци, вкупно 90 илјади возила. Сообраќајот во правец на Крим е малку поинтензивен (46000 автомобили) отколку во правец на Таманскиот полуостров (44000).