За актуелните подвизи на руските граничари можат да се снимаат нови филмови и да се пишуваат книги, оцени раководителот на граничната служба на Федералната служба за безбедност, генерал на армија Владимир Купишов во разговор за „РИА Новости“ по повод Денот на граничарот и стогодишнината на службата.
Според него, таквите филмови и книги за луѓето кои ја чуваат најдолгата граница на светот (преку шеесет илјади километри на копно и море, преку шуми и гори, мраз и песок), комотно би можеле да бидат засновани врз нивниот живот и секојдневната служба на границата.
„А тој живот и таа служба се поврзани со одредени потешкотии и бараат морална и физичка сила. Работата на граничарите, често принудени да дејствуваат во екстремни ситуации, е проследена со ризици по животот“, истакна Кулишов.
Тој не пропушти да укаже и на подвизите на граничарите во цивилниот живот, а еден од најдобрите такви примери е пожртвуваната и храбра акција на граничарот од Приморскиот крај Алексеј Пузанов кој од приватна детска градинка извлекол шест деца, од кои најмалото имало две години и една млада онесвестена жена.
„Минатата година при приведување на лица осомничени за вмешаност во терористички активности на руско-украинската граница загина припадникот на граничната управа на Федералната служба за безбедност за Курската област заставник Сергеј Широбаков. Со указ на претседателот на Руската Федерација тој е постхумно одликуван со Орден за храброст“, рече генерал Кулишов наведувајќи херојски примери директно од службата.
Како што нагласи тој, сегашната генерација заштитници на границата достојно ги продолжува славните традиции на претходниците.
Во текот на минатата година припадниците на граничната служба откриле преку 1400 лица осомничени за вмешаност во терористички активности, рече Кулишов, укажувајќи дека екстремистите се обидуваат да ги напуштат зоните на вооружени конфликти и преку канал на меѓународниот сообраќај да влезат илегално во Русија и другите земји на ЗНД. Тој додаде дека минатата година, исто така, се приведени 50 странски државјани кои сакале да ја искористат Русија како транзитно подрачје на патот кон конфликтните зони. Руските граничари привеле преку 6500 лица по кои се распишани меѓународни и федерални потерници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче