Виртуелно патување на Крим: Погледнете го документарецот на телевизијата RT за Кримскиот мост

RT

Документарниот канал RT ги повикува своите гледачи на виртуелно патување на Крим за да се запознаат детално со изградбата на мостот и со најпопуларните туристички атракции на рускиот полуостров. Филмот под наслов „Мост“, кој го документира историскиот проект за изградбата на Кримскиот мост, премиерно беше прикажан на 26 мај, а потоа објавен на сајтот на рускиот ТВ-канал.

Најголемиот мост во Европа е долг 19 километри и го поврзува Крим со остатокот на Русија преку Керченскиот теснец, на тој начин гарантирајќи брз и сигурен сообраќај за локалното население и туристите кои патуваат на полуостровот во Црното море. Изградбата на мостот почна на 19 февруари 2016 година, а беше завршена две години подоцна.

Во Русија не постои проект кој според обемот и сложеноста може да се спореди со Кримскиот мост.

Низ филмот гледачите ќе ги водат поранешниот руски боксерски шампион во тешка категорија Николај Валујев и руската пејачка  Аљона Свиридова. Тие ќе се обидат да прикажат колку голем потфат е направен и како ќе влијае на целиот регион.

„Родена сум на Крим и овде имам мала куќа. Така што овде сум всушност домашна“, вели Свиридова во филмот. „Затоа сум навистина длабоко заинтересирана за Кримскиот мост. Додека Николај зборува за проектот на векот, јас ќе ви покажам некои извонредни делови на Крим за кои веројатно никогаш не сте слушнале. Исто така ќе имате можност да запознаете некои луѓе кои живеат овде. Всушност, ќе ви го покажам мојот Крим“.

Испитување на јавното мислење: 96% од Русите го смета отворањето на Кримскиот мост за важен настан

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња