Малиот ракетен брод „Ураган“ од проектот 22800 „Каракурт“
YouTubeПрикажани се кадри на кои се гледа бродот како плови на површината на езерото, како и активноста на неговиот екипаж. Се работи за површинскиот борбен брод „Ураган“, кој неодамна го напушти пристаништето на бродоградежниот завод „Пела“ и пристапи кон првата етапа на пловните испитувања. За време на неговите испитувања, планирано е да се изврши комплексна проверка на сите системи кои се наоѓаат на бродот. По успешното завршување на испитувањата, овој брод ќе ги пополни поморските единици на Балтичката флота.
Малиот ракетен брод „Ураган“ е главниот брод на проектот 22800 „Каракурт“ (прев. „Црна вдовица). Овие бродови, иако мали според својот депласман, се одликуваат со исклучително силното вооружување кое го сочинуваат ракетите „Калибар“ и „Оникс“.
Секој „Каракурт“ носи осум вертикални лансирни единици мод. ЗС14. Во нив можат да се базираат противбродски ракети П-800 „Оникс“ или универзални крстосувачки ракети „Калибар-НК“, кои првенствено служат за напад на копнени цели (класата „Бујан“ можеше да носи само ракети од коплексот „Калибар“). Значи, „Каракурт“ покрај копнени цели ќе може да напаѓа и непријателски бродови и тоа во радиус и до 500 км, што навистина му дава една сериозна универзалност во извршувањето на различни борбени задачи и тоа со најубојното поморско оружје. Со ракетите „Калибар“ неговиот ударен потенцијал ќе може да се проектира на далечини и до 2500 км.
За извршување на вакви комплексни задачи на напад од дистанца, бродовите од овој тип ќе бидат опремен со многу квалитетни радарско-набљудувачки и комуникациски системи од нова генерација. Според проверените податоци, малите ракетни бродови од проектот 22800 „Каракурт“ ќе бидат опремени со борбениот командно-информациски комплекс „Сигма-Э“ и автоматизираниот повеќенаменски комплекс за размена на податоци „Трасса-Э“. Набљудувањето на ситуацијата во воздушниот и поморски простор, откривањето и идентификацијата на целите ќе бидат обезбедени со интеграција на различни радарски станици вклучувајќи го тука и современиот радарско-набљудувачки комплекс „Минерал-М“ со домет од 450 км. Поголемиот дел од оваа опрема ќе биде сместена над командата кула, која е проектирана на начин што на неа можат да се постават четири фазни антенски решетки, со што ќе се добие кружна зона на набљудување.
Артилерискиот систем се состои од брзометниот универзален топ А190 „Универсал“ калибар 100 мм. Овој автоматски топ е способен да истрела 80 гранати на далечина и до 21000 метри. Неговиот максимален вертикален дострел е 15000 метри, па може да се употреби и како средство за противаавионска одбрана.
За борба против цели во воздух, првите два брода од класата „Каракурт“ („Ураган“ и „Тајфун“) ќе бидат вооружени со артилериските системи АК-630М. Третиот брод од оваа класа - „Шторм“ – на овој план ќе добие многу сериозно засилување. Имено, планирано е на овие бродови да се интегрира хибридниот артилериско-ракетен комплекс со извонредни тактичко-технички можности „Панцир-М“. Овој комплекс е оспособен за борба против сите видови воздушни објекти, со посебен акцент на борбата против ракети од класат „вода-вода“ и „воздух-вода“. Неговиот радар со фазна антенска решетка со сантиметарски и милиметарски опсег, кој е направен врз база на радарската станица 1РС2-1Е „Шлем“, може да открие цели со минимален радарски одраз на далечина и до 23 км. Исто така, покрај него се наоѓа и пасивна електрооптичка станица која може да открие цел на далечина и до 18 км.
По откривањето на целите комплексот автоматски се наведува кон целта и го уништува со комбинирано ракетно-артилериско дејство. „Панцир-С“ е вооружен со осум ракети 57Э6Е кои имаат максимален хоризонтален дострел и до 20 км. Вертикалниот дострел на овие ракети е 15 км. Покрај ракетното вооружување, тука се наоѓаат и двата ротациски шестоцевни топови со калибар 30 мм ГШ-6-30, кои создаваат навистина импресивна густина на оган (и до 10000 гранати во минута). Благодарение на исклучително краткото време на реакција, овој комплекс со 8 ракети и борбен капацитет од неколку илјади гранати може во многу краток временски опсег да собори мошне голем број на противбродски ракети симултано истрелани врз „Каракурт“ (комплексот може истовремено да гаѓа 4 различни цели со речиси 100% успех).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче