Едни од клучните аспекти на руската политика се да постигне паритет со силите на НАТО во Светскиот Океан, како и обезбедување на своите интереси во Арктикот. За овие цели земјата планира да ја зголеми моќноста на својот возен парк и да достави нови бродови во државната флота. Досега, планот, се чини, дека е далеку од исполнет.
„На Русија ѝ се потребни четири авиони, по еден за секоја воена морнарица, како и низа борбени бродови со подморници, кои ќе ги заштитуваат. Ова е идеална ситуација, но економската реалност не ни дозволува да правиме вакви амбициозни планови “, изјави за Russia Beyond воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Литокин.
Сепак, постојат неколку големи проекти кои се од витално значење за руската флота.
„Арктикот е клучот за иднината не само за руската, но и за светската економија. И Москва инвестира многу пари во проекти за овој регион, започнувајќи од експлоатација на руди богатства, па сè до одбраната“, истакна Литовкин.
Според него еден од главните проекти за економскиот развој на рускиот дел од Арктикот е изградбата на новиот атомски мразокршач. Неговото име е Лидер ЛК-110Y.
Ова е еден од проектите за „големи пари“ кој има за цел да гi замени мразокршачите од советската ера, кои во моментов служат во рускиот флота. „Лидер“ ќе се движи со брзина од 14 јазли (околу 24 км/ч) во мраз со дебелина до 4.4 метри. И сето ова ќе биде можно благодарение на неговите два нуклеарни мотори.
„Тој ќе го чисти патот за трговските и патничките бродови, а исто така и за воените. Премини во мразот ќе бидат со ширина од околу 50 метри“, вели експертот за Russia Beyond.
Депласманот на бродот е меѓу 80.000 и 120.000 тони, а тој ќе служи и како спасувачки брод за време на операции за Северноморскиот пат.
Еден од долгоочекуваните и широкодискутирани руски проекти е оној на авиопревозникот „Шторм“. Тој мора да стане една од најголемите воздухопловни бази во светот.
„Шторм“ ќе биде направен според класичните канони на носач на авиони - нема да има дополнително оружје на палубата, на палубата ќе има само борбени авиони и бомбардери. И овој брод ќе има логистика и заштита како 19 американски авиони - со цела ескадрила од борбени бродови и подморници.
Освен тоа, двата нуклеарни мотори РИТМ-200 ќе му помагаат да се движи со брзина од 30 јазли (55 км/ч). Вкупниот депласман ќе изнесува 100.000 тони и длабочина од околу 11 метри. Екипажот на „Шторм“ ќе изнесува околу 4.000 луѓе.
Освен трошоците за изградба, производителите треба да создадат авиони кои можат да се користат на бродот. Во моментов постојат неколку потенцијални кандидати кои би можеле да бидат прилагодени за употреба од поморската авијација.
На прво место тоа е познатиот борбен авион од 5 генерација Су-57, кој во моментов поминува низ тестирања. На второ место е МиГ-35 од генерација 4++, кој беше претставен во 2017 година и за прв пат се појави во јавноста на небото за време на авиосалонот „Макс-2017“.
Потенцијалниот предводник на руската флота исто така има потреба од посебна инфраструктура и специјални докови кои во моментов не постојат. Министерството за одбрана ќе мора да одвои многу пари на овие цели.
Ако руската армија може да си дозволи вакви проекти - тие ќе бидат претставени во наредните неколку месеци, кога военото министерство на земјата ќе ја подготви конечната верзија на програмата за испорака на оружје за периодот 2018 - 2025 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче