„Арктикот во овој момент за нас има стратешко значење, затоа правиме нови аеродроми, за да ја осигураме безбедноста на земјата на подрачјето на поморските граници“, истакна Кобилаш.
Ту-160 е стратешки ракетоносец кој е во состојба да носи крстосувачки ракети со нуклеарни боеви глави. Пред три години беше донесена одлука за обнова на производството на овие бомбардери во модернизираната варијанта Ту-160М2. Според зборовите на генералниот директор на компанијата „Туполев“ Александар Коњухов, првиот таков авион веќе се прави.
Во однос на „Белите лебеди“ кои веќе се наоѓаат во состав на вооружувањето, Ту-160М2 ќе се разликува пред сѐ по новиот, поекономичен мотор и значително помалата забележливост на радарите, за што ќе придонесат специјални слоеви. Во целост ќе биде обновена и електрониката. Дометот на ракетоносецот ќе биде зголемен за илјада километри, а борбената ефикасност 1,6 пати. Се очекува сериското производство да почне 2023 година. Министерството за одбрана на Русија планира да набави најмалку 50 вакви летала, пренесуваат руските медиуми.