„Национален Интерес“ го избра најдобриот руски авион-ловец: „Фланкер“ без конкуренција

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Концепцијата на рускиот авион Су-27 е можеби и најдобрата во историјата на воздухопловниот инженеринг. Врз основа на неа Русите направија голем број модернизирани апарати каде одделни верзии имаат карактеристики на летала од петта генерација. Основниот фокус на рускиот авиоинженеринг е стекнување на супериорна предност во однос на противникот кога е во прашање маневарот. Тоа можеби ќе биде и клучната тактичка предност во воздушните битки на 21 век.

 

„Веќе четири децении „Фланкер“ (Flanker) постојано ѝ служи на Русија како најквалитетен авион од четвртата генерација, кој исто така се наоѓа и во вооружувањето на двете најмногубројни држави на светот - НР Кина и Индија. Тоа е голем двомоторен авион, сличен на нашиот ловец F-15 „Орел“ (Eagle). Се карактеризира со голем оперативен долет, брзински квалитети, широка палета на основно вооружување, квалитетна авионика и особено маневарбилност“- пишува магистерот на универзитетот во Џорџтаун Себастијан Роблин. Тој исто така забележува дека основната верзија на овој авион станала родоначалник на цела серија нови летала, како што се Су-30, Су-33, Су-34, Су-35.

Авион се наоѓа и во вооружувањето на други држави кои можеби немаат толку силни војски како Кина и Индија. На пример, етиопското Воено воздухопловство со овој авион успеа во директна воздушна борба да собори четири свои противници, со што е потврдена неговата класа и во военоборбени услови.

Неговата последна длабока модификација со ознаката Су-35С според своите летачкотактички карактеристики значително ги надминува останатите конкуренти затоа што во себе покрај карактеристиките на авион од четврта генерација има и одредени особини кои се својствени за следната – петтата генерација летала. Така, на пример,  суперманеварбилноста на ова летало ја обезбедуваат мотори кои имаат променлив вектор на потисок и кои генерираат таква сила што авионот може да лета со надзвучна брзина без да премине во режим на форсаж-дополнително согорување. Неговиот мотор се одликува со зголемена излезна сила (генерира околу 14500 кг), потоа со порационално трошење на горивото и подолг технички ресурс. Ловецт е способен да развие брзина до 2500 км/час и да достигне висина од 20000 метри. Неговиот максимален долет достигнува 3600 км. Новата авионика и радарите прават од него многу сериозен конкурент во воздухот, способен да уништи противничка воздушна цел на далечина и до 400 километри.

Експертот напоменува дека последниот примерок на руски ловец, настанат од серијата Су-27, на најдобар можен начин ја опишува разликата меѓу американската и руската доктрина на воздушен бој. Имено, Американците очигледно се потпираат на квалитетот на радарската невидливост, брзината на леталото и оперативни дострел на ракетното вооружување, додека кај Русите на прво место се особините како што се големата до екстремна маневарбилност на леталото. Оваа руска концепција е можеби и „повидовита“ од американската, затоа што брзото темпо на усовршување на противелектронското вооружување во голема мера ќе ја усложни, ако не и целосно оневозможи, ефективната борба преку „хоризонтот“ – со ракети од среден и голем дострел. Значи, постои многу реална можност воздушните борби во иднина да се водат исто како во текот на Втората светска војна, во услови на тнр. догфајт, каде русите авиони ќе имаат значителна предност токму поради високите маневарски способности на своите летала кои е супериорни во однос на американските авиони.

Погледнете го видеото: Пентагон покажува како Су-27 пресретна американски шпионски авиони