Су-27
Виталиј В. КузминПрес-службата на американската Воена морнарица соопшти дека рускиот ловец ја пресекол траекторијата на летот на американски авион за радиоелектронско војување EP-3 Aries по што овој се нашол во воздушен виор од турбомлазниот мотор.
Во вторникот Воената морнарица на САД веќе објави слични снимки на интернет.
Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека на 29 јануари околу пладне над неутралните води на Црното море е забележана неидентификувана цел која се приближувала до руската граница. Кон неа е испратен Су-27.
Кога американскиот извидувачки авион го променил курсот, рускиот ловец се вратил во базата. Акцијата траела 2 часа и 40 минути, наведува рускиот воен ресор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче