Подморница од проектот 636.3 „Колпино“
Алексеј ДаничевПостојат три варијанти за решение на проблемот: враќање на подморниците во матичното бродоградилиште („Адмиралтејские верфи“, Санкт Петербург), праќање на пловно пристаниште во пунктот за материјално-техничко опслужување на Воената морнарица во сириски Тартус и укотвување во една од пријателските земји во Медитеранот, објасни тој.
Според неговите зборови, „третата варијанта е најпожелна од гледна точка на заштеда на средства и ресурсите на подморниците, така што на неа се работи, дотолку повеќе што воените морнарици на многу земји во регионот имаат во својот арсенал подморници од овој или сличен проект“.
Претходно беше соопштено дека подморниците „Велики Новгород“ и „Колпино“, кои носат крстосувачки ракети „Калибар-ПЛ“, непрекинато дежураат во состав на Постојаната оперативна единица на Воената морнарица на Русија во Средоземното море. Според расположливите податоци, благодарение на можностите на пунктот за материјално-техничко опслужување во Тартус е обновено вооружувањето на овие подморници, а во март и април дојде до првата ротација на нивните екипажи.
Според податоците што ги изнесе Министерството за одбрана на РФ, подморниците „Велики Новгород“ и „Колпино“ во текот на борбеното дежурство во Средоземното море извршија четири ракетни напади врз цели на терористичката организација „Исламска држава“ во Сирија. Тоа беше на 14 септември, 22 септември, 5 октомври и 3 ноември 2017 година. Во тие напади се истрелани најмалку 29 крстосувачки ракети „Калибар-ПЛ“.
„Колпино“ и „Велики Новгород“ се петтата и шестата подморница во серијата од вкупно 6 пловила кои за Црноморската флота се направени во бродоградилиштето „Адмиралтејские верфи“ (ова бродоградилиште е дел од Обединетата корпорација за бродоградба“. Првите четири подморници од овој проект беа кратко време во состав на Средоземноморската ескадра, со тоа што „Ростов на Дон“ и „Краснодар“ исто така учествуваа во лансирањето на ракети „Калибар“ врз цели на терористичката организација „Исламска држава“ во Сирија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче