Нoвата Lada Vesta SW Cross под лупата на новинарите на германски „Ауто билт“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Германските автомобилски стручњаци го проценија рускиот новитет кој штотуку се појави на тамошниот пазар.

Овластените германски дилери почнаа со продажба на руските возила Lada Vesta SW Cross пред само неколку дена, а автомобилските новинари веќе ги ставија под лупа.

Новинарите пред сѐ му посветија внимание на надворешниот изглед на возилото кој им се допадна многу. Седиштата се оценети добро, иако е искажана и една забелешка поради потпирачите за глава на задните седишта, кои по нивна процена не можат да се подигнат доволно високо.

На Германците не им се допаднаа ни држачите за чаши и шишиња бидејќи се премногу плитки за да можат да држат некаков предмет. Експертите ги разочара и малиот број на системи за безбедност, додека основната опрема ја пофалија. Кога ќе се собере и одземе сѐ, особено ги истакнуваат разумните цени и опремата и изразуваат надеж дека токму новитетите ќе придонесат „Лада“ да се ослободи од негативниот имиџ што ја следи на овој пазар.

Прочитајте повеќе за Lada Vesta SW Cross: Триумф или фијаско?