Се забележува дека примерокот наменет за тестирање не е во целост преслечен со маскирен филм, туку само на одделни „чувствителни“ места кои ги кријат новитетите, пренесува RCI News.
Дека се работи токму за кросовер зборуваат пластичните елементи кои ѕиркаат низ маскирниот филм, зголемениот клиренс и тркалата со пречник од 17 инчи. Меѓу специфичностите на надворешниот изглед се издвојуваат антената во форма на „пераи“, носачите за товар на покривот, двојниот ауспух, задните дискови за кочење, како и тркалата од 17 инчи од претходно претставениот концепт.
Внатрешноста треба да се одликува со зголемен комфор и бројни подобрувања. Во кабината се наоѓаат додатоци од кожа и пластика во боја, поинаква инструмент табла, нови преслеки на седиштата, како и конзола која истовремено е наслон за раце и служи за складирање на нештата. Нема да има погон на сите четири тркала.
Судејќи според цената на Vesta Cross, Lada Xray Cross ќе чини од 40 до 45 илјади рубли повеќе од „обичниот“ висок хечбек.
Според прелиминарните информации, сериското производство на Lada Xray Cross ќе почне во јуни годинава, додека официјалниот почеток на продажбата на новитетот на АвтоВАЗ е предвиден за јули.
Кога е во прашање АвтоВАЗ, во најскоро време би требало да стартува продажбата на возилото Lada Vesta Cross. Освен тоа, фабриката го доби и правото за производство на Lada Xray Sport. Годинава почнува и производството на спортските модификации Vesta – Sport.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче