Внатрешноста на седанот Aurus Senat објавена на порталот за автомобили RCI News е фотографирана во текот на фабричката монтажа пред година дена, додека списанието „Авторевју“ претходно објави прикази на внатрешноста на основниот модел од фамилијата руски автомобили од премиум класата, седанот Aurus Senat.
На сликите се гледаат три верзии на внатрешноста на автомобилот - класичен црн салон со детали од розино дрво, бели со додатоци од маслиново дрво и кафеави со делови од „тигрово дрво“. Во кабината на седанот е користена комбинација од природна напа кожа и висококвалитетна имитација на антилоп кожа (популарната Алкантара).
Според дизајнерските замисли внатрешноста на седанот треба да потсетува на современ дневен престој со многу дрво и големи слободни површини, пренесува RCI News.
Автомобилите од проектот „Кортеж“ имаат некои специфични решенија, па така во состав на мултимедијалниот систем не постои функција за синхронизација со паметни телефони за да се избегнат ризиците од протекување на податоци при нивно приклучување.
Возилата настанати во рамките на проектот Единствена модуларна платформа (или на проектот „Кортеж“) на пазарот се пласирани под ознаката Aurus (настаната со спојување на латинскиот назив за злато и зборот Русија).