На Путин му се допадна новата лимузина „Кортеж“ со која пристигна на инаугурацијата

Kremlin.ru
Шефот на руската држава во иднина при вршењето на претседателските должности ќе го користи за превоз токму автомобилот од проектот „Кортеж“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

На претседателот на Руската Федерација Владимир Путин му се допадна новиот автомобил од проектот „Кортеж“ со кој пристигна вчера на инаугурацијата, пренесуваат денес руските медиуми.

Запрашан како реагирал Путин на новиот автомобил, Дмитриј Песков, вршителот на должноста портпарол на претседателот на РФ, одговори: „Му се допадна“.

„Претседателот во иднина ќе го користи токму овој автомобил за превоз“, нагласи претставникот на Кремљ.

Тој напомена дека наесен ќе почне примањето на нарачките за сите автомобили од линијата „Кортеж“, а дека комерцијалните испораки ќе тргнат на почетокот на идната година.

Автомобилите од оваа серија ќе се продаваат под името Aurus. Моделот седан ќе го има називот „Сенат“.

Како што претходно изјави министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров, сериски произведените автомобили од овој проект ќе чинат повеќе од десет милиони рубли (околу 143000 евра), и ќе бидат најмалку 20% поевтини од „Ролс Ројс“ и „Бентли“, а поскапи од основната верзија на „Мерцедес С“ класата.

Погледнете го видеото: Путин ја претстави новата претседателска лимузина „Кортеж“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња