Апаратот е во состојба да се задржи во воздух до 10 часа на максимална висина од 6 км, и да лета во радиус до 160 км. На годинашнава Парада на Победата во Москва првпат ќе биде покажано семејството беспилотни летала „Корсар“ (во форма на авион и хеликоптер). Досега податоците за овие апарати се чувани во тајност.
Покрај „Корсар“, по Црвениот плоштад ќе поминат најновите оклопни возила „Терминатор 2“, машините за деминирање на далечинско управување „Уран“, а над Москва ќе летаат ловецот од петта генерација Су-57 и МиГ-31К со хиперсонични ракети „Кинжал“.