Почна тестирањето на рускиот беспилотен хеликоптер кој може да носи до 150 кг вооружување

Ка-62

Ка-62

Хеликоптери на Русија
Индустрискиот директор на воздухопловниот кластер на „Ростех“ Анатолиј Сердјуков смета дека беспилотното летало има добри шанси како на воениот, така и на цивилниот пазар.

Холдингот „Хеликоптери на Русија“ (дел од „Ростех”) почна со тестирање на беспилотен хеликоптер со коаксијални ротори кој може да носи до 150 килограми полезен товар, вклучувајќи вооружување и системи за извидување, објави прес-службата на државната корпорација „Ростех”.

Во рамките на договорот со концернот ВКО „Алмаз-Антеј” на проектот работи едно од претпријатијата во состав на холдингот „Хеликоптери на Русија“, Конструкторско-технолошки центар Кумертауско претпријатие за производство на авиони (КумАПП).

„Ова летало има добри шанси како на воениот, така и на цивилниот пазар. Сферата за негова примена е многу широка. Вакво беспилотно летало може да носи моќни системи за извидување и сериозно вооружување кое постојните дронови не можат да го подигнат во воздух“, објаснува индустрискиот директор на авијацискиот кластер на „Ростех“ Анатолиј Сердјуков.

„Ростех” додава дека едниот од двата изработени модела во моментов се наоѓа на лабораториски испитувања во Конструкторското биро за индустриска автоматика во Саратов, каде се проверува функционирањето на пилотажно-навигацискиот систем, системите за управување со моторот, радио-врска и други системи на хеликоптерот.

Генералниот директор на „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински додава дека ова е еден од првите проекти од овој тип во Русија. „Нашите стручњаци постигнаа значаен напредок и планираме во втората половина на 2018 година да почнеме со испитувања во воздух“, рече Богински.

Новото беспилотно летало ќе има суштински нова конструкција за трансмисија. Како што наведува „Ростех”, хеликоптерот може да носи до 150 килограми полезен товар, достигнува брзина до 150 километри на час и изведува летови во траење до четири часа. Управувањето и транспортот на леталото ќе го врши автономен пункт врз база на возило „Камаз“.

Прочитајте повеќе: „Хеликоптери на Русија“ тестираа Ми-171А2 на минус 50

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња