„Убиец на носачи на авиони“ ќе учествува во Воено-поморската парада во Санкт Петербург

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Убиец на носачи на авиони, како што нуклеарниот ракетоносец 949А „Антеј“ е неофицијално наречен, ќе земе учество во годинашнава Главна воено-поморска парада во Санкт Петербург на 29 јули, изјави извор од одбранбено-индустрискиот комплекс за агенцијата ТАСС.

„На парадата на Денот на Воената морнарица во Санкт Петербург е предвидено учество на една од подморниците од класата „Антеј“ (949А) од Северната флота, како и на ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“, рече соговорникот на агенцијата, пренесуваат медиумите. Според него, на парадата ќе учествува и фрегатата од проектот 11356 „Адмирал Макаров“.

„Aдмирал Макаров“ учествуваше на Главната воено-поморска парада во Санкт Петербург минатата година.

Прочитајте повеќе: МО на РФ ја прикажа Главната воено-поморска парада како панорамско видео