Миноловецот „Александар Обухов“ од Проектот 12700 во текот на репетицијата за парадата во чест на Денот на руската Воена морнарица во Санкт Петербург.
Александар Галперин/РИА „Новости“Министерството за одбрана ја објави снимката од Главната воено-поморска парада што се одржа во Санкт Петербург на 30 јули во формат панорама од 360 степени.
„Министерството за одбрана на Русија ја покажа Главната воено-поморска парада во формат на панорама од 360 степени. На официјалната веб-страница на Министерството за одбрана на Русија е отворена виртуелна 3Д обиколка на Главната воено-поморска парада. Свеченото поминување на воените бродови со учество на воздухопловството се одржа на Денот на Воено-поморската флота на Нева и на Кронштатското сидриште во Санкт-Петербург“, се вели во соопштението што го пренесува ТАСС.
Корисниците на интернет добија можност не само да видат како изгледа големата парада, туку и да ги гледаат бродовите од птичја перспектива од разни точки кои се недостапни за гледачите.
„Најголемиот дел од 3Д-панорамата, создаден со користење на технологија на кружно снимање, е посветен на парадата во Кронштад. Корисниците ќе можат во интерактивен режим да го видат поминувањето на воените бродови и подморниците на Воено-поморската флота на Русија, како и да ја видат формацијата која ја претставуваат тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач „Петар Велики“, тешката нуклеарна ракетна подморница за стратешки намени „Дмитриј Донској“ и други бродови“, соопштува министерството.
Покрај тоа, „публиката на интернет ја очекува спектакуларен поглед на воените бродови на Нева додека во позадината е ноќна панорама на Санкт-Петербург“, додава министерството.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче