Руска флота.
Јуриј Сомов/РИА „Новости“Командантот на Воено-поморската флота на Русија Владимир Королев му рапортираше на претседателот на РФ дека сѐ е подготвено за парадата.
Путин на чамецот број 001 изврши обиколка на бродовите кои се построени пред почетокот на Главната воено-поморска парада по повод Денот на ВМФ на Русија на пристаништето на Нева и им честиташе на екипажите на секој од бродовите. Заедно со шефот на руската држава беа и министерот за одрана на РФ Сергеј Шојгу и командантот на ВМФ на РФ Владимир Королев, пренесува „Взгљад“.
Прес-службата на Кремљ соопшти дека шефот на руската држава во недела првпат во поновата историја на Русија ќе ја прими Главната воено-поморска парада.
Особеност на празникот претставува истовременото учество во парадата на морнарите на Балтичката, Црноморската, Северната и Тихокеанската флота и Касписката флотила.
Пренос од парадата вршеше RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче