Русија првпат го претстави семејството офанзивни беспилотни летала „Корсар”

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На првата проба на Парадата на Победата на Црвениот плоштад што се одржа во Москва ноќта меѓу 26 и 27 април, јавноста првпат можеше да ги види офанзивните беспилотни летала „Корсар”. Како што претходно пишуваа странските набљудувачи, за ова семејство беспилотни летала се знае многу малку.

Беспилотниот авион тежок 200 килограми со распон на крилата од шест метри е направен од композитни материјали, има заден потисен пропелер и е наменет за извидување, транспорт на товар, напади врз цели на земја и за електронско војување. Беспилотното летало може да носи противтенковски наведувани ракети „Атака“ и универзална ракетна муниција. Контејнерите со вооружување се наоѓаат покрај „Корсар“ на платформата на камионот на парадата.

Беспилотниот хеликоптер „Корсар” е направен по коаксијална шема, која му обезбедува на дронот висока способност за маневрирање. За разлика од неговиот роднина од авионски тип, кому му е потребна писта, тој може да користи за полетување и слетување неподготвени терени, а може да се применува на копно и на море. Хеликоптерот е вооружен со наведувани и ненаведувани ракети.

На годинашнава парада новитети ќе бидат борбеното возило за огнена поддршка на тенкови „Терминатор“ и копнените борбени роботи: деминерскиот „Уран-6” и извидувачко-офанзивниот „Уран-9”. На ноќната проба е забележано уште едно возило кое претходно се нема појавено на Парадата: двоседното возило за снег „Беркут 2“ наменето за Арктикот со кабина што се загрева.

Погледнете ја фоторепортажата: Во Москва одржана првата проба за годинашнава Парада на Победата