Бидејќи возилото е наменето за употреба во суровите услови на Арктикот, неговата основна специфика е исклучително квалитетниот систем за греење на кабината на возилото, која покрај внатрешниот простор, ги загрева и двете седишта.
Во случај на потреба возилото „Беркут 2” може да превезува до четири војника во полна борбена опрема, како и да влече товар со тежина од 300 килограми.
Движењето по нерамен терен прекриен со длабок снег го овозможуваат гасениците широки половина метар. Овој „снегомобил“ може да совладува угорнини и надолнини со навалување до 30 степени без санка и до 20 степени ако влече и дополнителен товар.
Предвидено е на „Беркут 2“ да се постави зад кабината подвижна
купола каде ќе се наоѓа митралез. За подобро осветлување при возење во ноќни услови возилото има две дополнителни светла, а возачот има и прибор за ноќно гледање.
Возилото е долго 3870 мм, широко 1730 мм, а високо 1970 мм. Масата на возилото со опрема изнесува 1200 килограми, а максималната маса 1500 килограми. Моторот со сила од 87 коњски сили му овозможува на возилото да достигне брзина до 65 километри на час. Со пол резервоар поминува 500 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче