Денес началникот на оперативната команда на Генералштабот на руската армија, генерал-полковник Сергеј Рудској, одржа конференција за јавноста на која беа прикажани бројни фрагменти од пресретнатите крстосувачки ракети соборени на 14 април оваа година над Сирија.
YouTube / Legion Media
„Фрагментите од крстосувачките ракети, кои се откриени и соборени во реоните на пресретнувањето, имаат карактеристични оштетувања кои настануваат по експлозија на противвоздушни ракети“, истакна генерал Рудској.
Покрај фрагменти, пронајдени се и бројни информации кои ни кажуваат за типот на ракетите, потоа кој е нивниот производител, кои им се сериските броеви, кога се произведени и сл.
YouTube
Стручњаците без некакви поголеми проблеми ги идентификуваа сите уништени ракети, без оглед на големината и бројот на фрагменти кои се распрснале при нивното соборување.