Видео: Целата сила на руските сили за ПВО на едно место

Ракетните системи за ПВО-ПРО С-400 „Триумф“ на ракетниот полк на Јужниот воен округ на Вооружените сили на РФ на борбено дежурство.

Ракетните системи за ПВО-ПРО С-400 „Триумф“ на ракетниот полк на Јужниот воен округ на Вооружените сили на РФ на борбено дежурство.

Сергеј Малгавко/TASS
Министерството за одбрана на Русија објави ефектен видеоматеријал во чест на Денот на противвоздушната одбрана (се одбележува втората недела од април). На снимката се прикажани најсовремените руски системи за ПВО-ПРО: С-400 „Триумф”, С-300 „Фаворит” и противвоздушните ракетно-топовски систем со мал радиус на дејство „Панцир-С”.

Покрај лансирањето на снимката првпат се прикажани работата на операторите и опремата за истрелување на противвоздушните ракети. Претходно овие податоци се третираа како доверливи.

Во објаснувањето на снимката се наведува дека современиот руски систем за ПВО има радари и станици за борбено и дежурен режим со домет на откривање на воздухопловни објекти до 600 километри и горна граница на детектирање од преку 100 километри. Меѓу нив се најновите радарски системи и станици „Небо-М”, „Подлет-К1”, „ВВО”, „Противник”, „Каста”, „Гамма” и други.

Како што соопшти рускиот воен ресор, секојдневно во состав на дежурните сили за ПВО-ПРО на борбено дежурство во рамките на воздушно-космичката одбрана се наоѓаат околу две илјади војници и цивилни стручњаци. Руските противвоздушни сили секојдневно на радарите детектираат и го следат движењето на максимум 100 летала.

До крајот на годината во состав на силите за ПВО на Русија ќе влезат уште три ракетни полкови со С-400 „Триумф”.

Погледнете ја огнената моќ на сите руски системи за ПВО на едно место

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња