РП-46, иако не често, сепак се користи во единиците на сириската владина војска и доброволечките формации кои соработуваат со на. Последен пат ова оружје беше забележано во текот на борбените дејствија во Бејт Џин, на подрачјето на Голанската висорамнина.
Пред почетокот на граѓанската војна застареното стрелечко оружје се наоѓаше во магацините на сириската војска. Потоа повторно влезе во активна употреба како во состав на регуларната војска, така и во доброволечките единици.
И покрај својот ветерански стаж, РП-46 сѐ уште може да војува и тоа мошне ефикасно. Митралезот погодува цел на растојание од 1000 метри. Максималниот дострел му е 1500 метри. Брзината на стрелба му е 600 куршуми во минута. Почетната брзина на куршумот е 825 метри во секунда. Митралезот е тежок 13 килограми без кутијата со реденици.
Што се однесува до кутиите со муниција, се користат варијанти со реденици од 200 и 250 куршуми. РП-46 има интересна особина: по потреба може користи магацини со муниција од постарите модели на митралезите ДП и ДПМ, кои исто така се среќаваат во сирискиот конфликт.