„Ракетите С-8ОФП се наменети за вооружување на авионот Су-25 и хеликоптерот Ми-8. Тие треба да го комплетираат семејството ненаведувани авиоракети С-8. „Бронебојшчик“ притоа има ист калибар (80 мм) и иста конфигурација како претходните модели од овој тип, но според борбените способности ги надминува пет до шест пати“, изјави Лепин во интервјуто.
Според него, основната карактеристика на ненаведуваната авиоракета С-8ОФП е во тоа што муницијата во зависност од прилагодувањето на детонаторот може да експлодира пред пречката, при удар во неа или зад неа.
Притоа „Бронебојшчик” ја пробива пречката без да ја руши. „Ваква ракета сѐ уште не сме имале“, истакнува директорот на „Техмаш“.
С-8ОФП „Бронебојшчик” е модернизирана варијанта на ракетата С-8, која обединува неколку уникатни технологии. Ракетата според дострелот и ефикасноста ја надминува целата постојна муниција од оваа класа. Во февруари 2017 година беше објавено дека „Бронебојшчик” наскоро ќе влезе во состав на вооружувањето на руската војска, по што ќе почне да се произведува сериски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче