„Борбеното возило на пешадијата БМП-1 долго е користено во Челјабинскиот тракторски завод за различни тестирања, а во 2013 година решија да ни го предадат нам во „Уралвагонзавод“, соопшти прес-службата на корпорацијата од Нижни Тагил.
Легендарното борбено возило на пешадијата е сериозно оштетено. Тоа е целосно истрошено и беше подготвено за расходување. Меѓутоа, решено е раритетното возило да се спаси: да се реставрира и да се испрати во музеј.
„Стручњаците ги проучуваат проектните цртежи за да бидат уважени сите конструкциски и производни параметри на возилото. Тоа е долг процес кој бара голема прецизност”, соопшти претпријатието.
Надворешниот изглед на носечкиот дел на „објектот 765” е успешно обновен. Возилото е вооружено со топ со мазна цевка 2А28 „Гром” калибар 73 милиметри.
Прочитајте повеќе за „Објектот 279“: Американски новинари го анализираа тешкото советско оклопно „чудовиште“