БМП „Курганец“ станува дел од вооружувањето на руската армија во 2017

БМП „Курганец“.

БМП „Курганец“.

RBTH
„Курганмашзавод“ планира во 2017 година да ја заврши работата за создавање на пешадиското борбено возило и други оклопни возила на најновата платформа „Курганец-25“.

Како што се истакнува во годишниот извештај на претпријатието, наведените работи треба да бидат завршени во 2017 година „со прием во состав на вооружувањето на ВС на РФ на борбените возила (од типот на БМП и БТР и унифицирани лесни оклопни гасенични платформи) за понатамошен развој и производство врз нивна основа на семејство на лесни оклопни следи возила за различни намени“, го цитира документот ТВ „Ѕвезда“.

Во извештајот, исто така, се вели дека веќе се создадени прототипи на возилата и се врши подготовка за нивно тестирање пред да бидат примени во состав на вооружувањето.

Претходно беше соопштено дека испораките во војската на оклопна техника на платформата „Курганец“ ќе започнат во 2018-2019 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња