БМД-4М со новиот борбен модул „Синица” на прелиминарни испитувања

БМД-4М

БМД-4М

mil.ru
Конструкторот истакнува дека главната разлика на „Синица“ од модулот „Бахча-У“, кој досега беше на десантното борбено возило БМД-4М е во тоа што новиот модул истовремено одговара и на пешадиските борбени возила БМП-3.

Десантното борбено возило БМД-4М со новиот борбен модул „Синица” ги минува прелиминарните испитувања. Ова во интервју за ТАСС го изјави главниот конструктор на „Специјалното конструкторско биро за машиноградба” Сергеј Абдулов.

„Синица“ е направена „од нула“, според техничката задача на Министерството за одбрана и сега ги минува прелиминарните испитувања”, изјави Абдулов.

Конструкторот истакнува дека главната разлика на „Синица“ од модулот „Бахча-У“, кој досега беше на десантното борбено возило БМД-4М е во тоа што новиот модул истовремено одговара и на пешадиските борбени возила БМП-3.

„Изедначен е погонскиот блок, системот за потпора, сега работиме на унификација на борбениот дел. Освен тоа, нашиот модул е поевтин од „Бахча“ и има можност да гаѓа воздушни цели преку нишанот на командантот“, објасни Абдулов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња