Сè што сте сакале да знаете за главните чекори на советската космонаутика

Наука и технологија
ЕЛЕОНОРА ГОЛДМАН
На 12 април се одбележува меѓународниот Ден на космонаутиката. На овој дена во 1961 година легендарниот советски космонаут Јуриј Гагарин како прв човек полета во вселената на бродот Восток-1. Дознајте што сè има постигнато СССР во освојувањето на вселената.

На 4 октомври 1957 година човештвото стапи во космичката ера зашто тогаш е лансиран првиот сателит „Спутник 1“. Космичките патување денес станаа реалност и повеќе не се дел од научната фантастика. Еве неколку интересни податоци за раѓањето на космонаутиката од пред 60 години.

7 факти за „Спутник 1“, првиот земјин вештачки сателит

Јуриј Гагарин е првиот човек кој полетал во космосот. Веќе во 1962 година полетаа космичките бродови „Восток-3“ и „Восток-4“, а во 1963 година во космосот полета првата жена. 

Видео: Легендарната Валентина Терешкова, првата жена во вселената

„На сите им беа врзани очите“. Рано наутро на 12 април 1961 година ракетата-носач го изнесе во орбитата вселенскиот брод „Восток“ со првиот космонаут од Земјата – државјанинот на СССР Јуриј Гагарин. Како овој настан се зачувал во сеќавањето на неговите сонародници?

Спомени: првиот лет во вселената!

На 20 февруари 1986 година во орбитата е лансиран првиот модул на познатата советска вселенска станица „Мир“. Искуството стекнато за време на нејзиното создавање е искористено за развојот на Меѓународната вселенска станица, а нејзиното потопување на 23 март 2001 година беше повод за гласови за мистериозна космичка бактерија. Дознајте повеќе по што уште е позната вселенската станица „Мир“.

9 факти за вселенската станица Мир

На 15 ноември 1988 година во орбитата на супертешкиот носач „Енергија“ за прв и последен пат е испратен повеќекратниот товарен вселенски брод Буран. Советскиот „космички авион“ е колекција на стотина револуционерни технолошки решенија. Што има постигнато системот „Енергија-Буран“, „белиот слон“ од иднината која никогаш не дојде?

Ултратежок месечински старт

Пред речиси половина век, во 1969 година, Нил Армстронг го направи „малиот чекор за човекот, но голем за човештвото“. Ова беа зборовите со кои е објавена победата на Америка во трката за лет на Месечината. Дознајте повеќе на нашиот портал зошто Советите го дозволиле тоа.

Зошто СССР не испрати човек на Месечина?

Професијата космонаут не е толку романтична колку што се чини од Земјата. Секој што престојувал во орбитата ќе ви каже дека тоа е мошне тешка работа, речиси без слободно време, и огромен стрес за организмот. 

Зошто руските космонаути летаат вооружени во космосот?