9 факти за вселенската станица Мир

На 20 февруари 1986 година, на орбитата беше поставен првиот модул на познатата советска станица Мир.

На 20 февруари 1986 година, на орбитата беше поставен првиот модул на познатата советска станица Мир.

Ројтерс
Пред 30 години легендарната советска станица беше лоцирана на орбитата.

Пред точно 30 години, на 20 февруари 1986 година, на орбитата беше поставен првиот модул на познатата советска станица Мир. Искуството од нејзиното создавање беше искористено за развојот на Меѓународната вселенска станица, а нејзиното потопување беше повод за гласови за постоење мистериозна космичка бактерија. По што уште е позната станицата Мир, прочитајте во нашиот избор на факти.

1. За изградба на вселенската станица Мир беа ангажирани 280 претпријатија од СССР. Но, за таа да биде завршена, потребно беше да се заземат највисоките партиски службеници: во 1984 година сите ресурси на земјата беа дадени на програмата за создавање на советскиот вселенски брод Буран – аналог на американскиот Шатл, а работата над станицата беа замрзнати.

Астранаути Леонид Кизим и Андреј Соловјов, 1986 година. Извор: Александар Маклецов / РИА НовостиАстранаути Леонид Кизим и Владимир Соловјов, 1986 година. Извор: Александар Маклецов / РИА Новости

2. Мир е првата меѓународна станица и претставува симбол на дружбата на космонаутите од различни земји. Во неа биле и екипажи од САД, од Јапонија, од Велика Британија, од Франција, од Бугарија и од многу други земји. Прв странски гостин на Мир во 1987 година беше Сириецот Мохамед Фарис.

3. На вселенската станица Мир се направени повеќе од 23 илјади научни експерименти. Како резултат на тоа, на пример, научниците можат полесно да предвидат земјотреси со помош на регистрација на полнежот на честиците и го имаат тестирано производството на нови метали и легури во услови на микрогравитација.

4. Космонаутите на Мир имаат направено повеќе од 78 излегување во отворен космос со вкупно времетраење од 359 часа и 12 минути. Сè уште постојат гласови за тоа дека Мир е потопен во Тихи Океан на 23 март 2001 година поради мистериозни космички бактерии, кои се појавиле на станицата по некое од излегувањата.

5. Рекордот во непрекинат престој на луѓе на Мир, секако со смена на екипажот, изнесува 3.642 дена, од 5 септември 1989 до 26 август 1999 година.

Рускиот инструктор Олег Пушкар и дајвери во текот на подводни тестирања во 1997 година. Извор: РојтерсРускиот инструктор Олег Пушкар и дајвери во текот на подводни тестирања во 1997 година. Извор: Ројтерс.

6. Станицата која беше испратена во орбитата во 1986 година беше само базичен блок. Подоцна на неа се присоединија неколку други блокови – станбени простории, лаборатории и модели за соединување со американскиот Шатл. Така за првпат беше реализиран принципот на изградба на орбитален комплекс, кој сега се користи за развој на МВС.

7. Тука биле спроведени првите истражувања поврзани со однесувањето на човекот во услови на подолг престој во бестежинска состојба. На Мир беше проучена реакцијата на човечкиот организам и на психата за летови на други планети.

8. Радијациските истражувања на вселенската станица Мир овозможија да се создаде прогноза на динамичката карта на измена на радијациските полиња. Така стнаа познати точните години на најголемата радијациска опасност за идните вселенски летови.

9. На почетокот вселенската станица Мир била предвидена за петгодишна експлоатација, но поради намалување на финансирањето таа работеше трипати подолго од планираното.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња