Јуриј Гагарин(1934-1968), првиот човек во вселената, пилот-космонаут на СССР, Херој на Советскиот Сојуз. Кадар од американскиот документарец „Советите во вселената“.
Александар Моклецов / РИА „Новости“Александар Ракитски во 1961 година учел во првото одделение во Ленинград (денешен Санкт Петербург).
Денот кога Гагарин полета во космосот тој го нарекува „еден од последните светли спомени на советскиот народ“. Еве што раскажува тој:
„12 април 1916 година, Ленинград, училиште 216 близу до Владимирската авенија, прво одделение, трети час – аритметика. Учителката Татјана Иванова го држи часот, нешто зборува, а ние од клупите постојано нешто дрдориме. Едно момче, како и секогаш, прави смешни фаци. Ние се смееме, а него го бркаат од час.
Одненадеж, по 5-6 минути, тој влета во училницата и вреска дека космонаутот полетал! Повторно го избркаа. По четири минути влегува одделенскиот наставник и вели дека во СССР за првпат полетал во вселената брод со првиот космонаут Јуриј Гагарин и дека нема да имаме повеќе часови.
Ние, првачињата, излеговме на Владимирската авенија и потрчавме кон Невската авенија. А, таму, како да има митинг за 1 Мај, среќа и солзи-радосници, луѓето пеат и танцуваат. Татко ми ми рече дека исто така било на 9 мај 1945 година (кога Русија го празнувала крајот на Големата татковинска војна – заб. ред.)
Анатолиј Солодухин служел како испитувач на космички апарати на космодромот Бајконур.
„За мене и за моите колеги 12 април 1961 година и настаните поврзани со него останаа незаборавни за сиот живот“, пишува тој.
„Здивот ни застана од исчекување. Нервозата беше енормно висока. Се слушаше титкањето на земската апаратура, на пултовите се гасеа и се палеа разни светла. Сите беа многу нервозни. Во тишината се слушаат една по една командите на раководителот на стартната служба Кирилов.
Клучот на старт!
Операторот на централниот пулт за управување со ракетата Чекунов со вртење на специјалниот клуч ја вклучува автоматиката за лансирање на ракетата. И, на крајот, кратка команда: „Старт!“
„Лансирање!“
„Лансира„“ – во 9 часот и 7 минути по московско време гласно се зачу Чекунов.
Се ослободуваат и одат настрана држачите на уредот за лансирање. Од зголемувачката бучава на моторите бункерот се тресе, ушите се затнуваат.
„О-ди-меееее!“, се слуша од звучниците гласот на Јуриј Гагарин.
Кога истрчавме од бункерот, во лицето не удри блесокот на априлското сонце а уште ни беа затнати од бучавата на ракетата со космичкиот апарат и првиот човек во него кои се оддалечуваа. Ракетата пополека одеше во височините. Но, ете тргна, се повеќе забрзувајќи го своето движење. Така на 12 април 1961 година над планетата се појави утрото на космичката ера!
Ние занемени стоиме пред влезот на бункерот и со главите нагоре гледаме како заминува Гагарин. Сите беа со насолзени очи – солзи-радосници.
Румија Нурсканова, која во 1961 година имале 5 години, и нејзината баба биле првите луѓе кои го пречекале Јуриј Гагарин по неговото приземјување во Енгелскиот Реон. Тие живееле на село, а на 12 април саделе компир во бавчата.
„Постојано се вртев и гледав во небото. Видов две црвени точки, но баба ми ме искара и ми рече да продолжам да садам компири. Се заработив и заборавив на објектот, а потоа на земјата видов голем број јажиња од кои се извиваше портокалово чудовиште и кое одеше кон нас.
Ѝ реков на баба ми: Гледај, не сакаше да гледам кон небото, а сега тој кон нас иде. Таа виде, стана, ме фати за рака и почна да се моли. Јас, секако, се исплашив и се втурнав во неа.
Потоа се завртевме и почнавме да трчаме кон нашата куќа. Во тој момент тој извика: Мајко, почекајте, јас сум ваш. Таа запре, а тој дојде кон нас. Баба ми му помогна да го откопча херметичкиот шлем, му се виде лицето кое се насмевнуваше.
Таа го праша: Кој си? Од каде си? Кога тој полета ние ништо не знаевме, дома немавме ниту радио, ниту светло. Тој рече дека е од вселенскиот брод. Баба ми се зачуди и рече од каде брод кога тука дури ни вода нема. „Јас сум од небото“, одговори космонаутот.
Во тој момент останав да го чувам компирот, зашто кон кофата потрча телето и почна да го јаде. Во тој момент компирот беше поважен од Гагарин, а баба ми отиде да го види бродот. Тогаш многу се исплашив, па дури и заплакав“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче