Зошто рускиот ПВО-систем „Антеј-2500” е еден од најдобрите на светот?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот мобилен повеќеканален противвоздушен систем „Антеј-2500” во моментов спаѓа меѓу најдобрите на светот. Ваквата репутација ја стекна благодарение на моќните радари, ракетите со голем дострел и гасеничната шасија за сите терени која му обезбедува исклучителна мобилност.

Најновиот систем може да се користи против цел спектар летечки објекти: од стратешки бомбардер кои користат стелт технологија со намалена видливост, па сѐ до крстосувачки ракети.

Многу е ефикасен и против летечките радари од типот на AWACS и против апаратите кои предизвикуваат електронски пречки. Максималниот дострел за гаѓање на ваквите цели е до 400 километри, додека максималната висина е 30 километри. Минималната површина на радарскиот пресек на целите кои ги погодува е 0,02 квадратни метри.

Уште една важна задача за „Антеј-2500” е соборување на балистички ракети. Дострелот на гаѓање на тактички балистички ракети е 40 километри, а на оперативно-тактички 30 километри. Притоа објектите можат да се движат на висини до 25 километри со брзина од 4500 метри во секунда.  

Единствената карактеристика на овој систем е гасеничната шасија која е направена врз база на тенкот Т-80. Благодарение на тоа е постигната значителната способност за совладување на тешки терени, која во голема мера ги надминува карактеристиките на тенковите на тркала. Притисокот врз тлото изнесува само околу 0,85 килограми на квадратен сантиметар.

Максималната брзина на движење на системот „Антеј-2500” е од 55 до 60 километри на час. Со полн резервоар може да помине 250 километри. Притоа гасната турбина која на возилото му обезбедува електрична енергија може да работи до 2 часа.

Оваа борбена техника сигурно функционира на температури од -50 до +50 степени Целзиусови и на висини до 3000 метри надморска висина. Клима-уредите обезбедуваат добри услови за екипажот во возилото. За успешно функционирање на контаминиран терен е предвиден уред за филтрирање на воздухот.

Системот има современи радио-станици за комуникација меѓу возилото и командата. Исто така, располага и со навигациски системи.

Времето потребно за распоредување и демонтирање на системот е само 6 минути.

Погледнете ја целата сила на руските сили за ПВО на едно место