Видео: Како советските ПВО-системи го одбија ракетниот напад врз Сирија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
По ракетниот напад врз Сирија на интернет почнаа да се појавуваат видеоснимки од очевидци и новинари. На нив, меѓу другото, може да се види и возвратниот оган на сириските средства за ПВО.

Врз објекти во Сирија се истрелани повеќе од 100 ракети. Како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, тие биле пресретнувани од сириските средства за ПВО, произведени уште во СССР. Се работи за системите С-125, С-200, „Бук” и „Квадрат”. 

„Овие ПВО-системи се произведени пред повеќе од 30 години во Советскиот Сојуз“, соопшти руското Министерство за одбрана.

На една од снимките е забележано лансирање на пресретнувачка ракета на Дамаск ноќта и нејзиното експлодирање на небото. Друга снимка прикажува лансирање на пресретнувачка ракета и нејзиниот лет.

На интернет се појавија и фотографии кои прикажуваат траги од ракети на небото.

Претходно беше објавено дека значителен дел од ракетите кои силите на САД, Франција и Велика Британија ги истрелаа кон територијата на Сирија биле пресретнати од сириските средства за ПВО. Исто така беше соопштено дека ниту една ракета не навлегла во зоната на одговорност на единиците за ПВО на руските сили кои ги штитат објектите во Тартус и Хмејмим.

Прочитајте повеќе: Аналитичар на Си-Ен-Ен: Дамаск го доживува резултатот од ракетниот напад како своја победа