Според Министерството за одбрана на Руската Федерација, значителен број од овие ракети се пресретнати, поточно соборени, пренесува РИА „Новости“. Имено, по овие ракети дејствуваа единиците за ПВО кои се наоѓаат во состав на сириската војска, а кои првенствено се опремени со советските системи „воздух-земја“ од постарите генерации. Покрај овие системи, во сириската армија се наоѓаат и руските хибридни топовско-ракетни системи „Панцир-С“, а не е исклучено дека дејствувале и руските единици за противелектронска борба кои пренасочиле добар дел од овие ракети кои своето патување го завршија во сирискиот песок, далеку од каква било потенцијална цел.
Истовремено на улиците на главниот град се насобра маса сириски народ која го дочека овој настан истовремено да го прослави и грандиозното ослободување на Дамаск кое, судејќи по сѐ, стави дефинитивна точка на војната во оваа земја.
Во изминативе месец дена се водеа борби за ослободување на Источна Гута во која се наоѓаа околу 25000 исламски терористи, кои со овој чин претрпеа стратешки пораз од кој нема враќање.
За резултатите од нападот сведочи и изјавата на рускиот генерал Рудској на последниот брифинг со новинарите. Имено, според официјалните информации кои ги собра руската армија, резултатите на сириската ПВО се следниве:
Значи, според официјалните податоци на руското Министерство за одбрана, од 71 ракета лансирана врз сириските аеродроми, соборени се 64 од нив, што изнесува преку 90%. Тоа досега претставува невидена ефикасност на една ПВО и тоа во планетарни размери.
Според првичните податоци, првенствено се соборени крстосувачки ракети од типот „Томахавк“ и „Storm Shadow“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче