Скриншот
„Сириската власт ќе го оцени тоа како своја голема победа. Цел на нападот беа три објекти, но сириската противвоздушна одбрана, судејќи според сѐ, успеа да пресретне еден број на ракети, така што можностите на сириската армија на ниту еден начин не се намалени со овој напад“, пишува тој на сајтот на Си-Ен-Ен.
„Пред нападот многумина беа сериозно загрижени дека дејствата на САД ќе ги доведат во прашање сириските борбени можности и дури можеби ќе влијаат на граѓанската војна во која регуларната армија победува откако на сцената се појавија Русите“, додава Плајтген, пренесува порталот rg.ru.
Американскиот новинар смета дека нападот во голема мера бил „симболичен“.
Ноќта спроти саботата претседателот на САД Доналд Трамп издаде наредба да се изврши ракетен напад врз Сирија. На Американците им се придружија нивните сојузници – Франција и Велика Британија.
Врз Сирија се истрелани повеќе од стотина ракети. Значителен број од тие ракети е соборен. На пример, сите ракети истрелани врз аеродромот Думеир ги пресретн сириската противвоздушна одбрана од советско производство. Во овој напад немаше загинати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче