Американските медиуми ги вбројуваат „Терминаторите“ во најинтересните борбени машини на светот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руската воена техника која ќе се појави на Парадата на Победата на Црвениот плоштад на 9 мај во Москва беше предмет на анализа на американските медиуми, со посебен акцент на „Терминаторите“, борбените машини за поддршка на тенкови.

Така War is Boring го сместува „Терминатор“ меѓу најинтересните разработки на оклопна техника како во Русија, така и во светот. Гласилото истакнува дека првата варијанта на „Терминатор“ всушност не влезе во состав на вооружувањето, но затоа новата верзија се покажала како перспективна и веќе влегува во експлоатација.

Како што се наведува, БМПТ е оптимизиран за војна во урбани услови. Се истакнува неговата добра оклопна заштита и соодветното вооружување со кое можат ефикасно да се уништуваат горните катови на повеќекатници во густо изградени делови на градот, но и да се напаѓаат непријателски позиции на ридски падини.

Авторот на текстот, исто така, укажува дека БМПТ освен автоматските топови 2A42 калибар 30 мм поседува и друго сериозно вооружување, како што се противтенковските ракетни лансирни системи „Атака-Т“.

Прочитајте како се склопуваат „Терминатори”: Објавени фотографии од тајните одделенија на „Уралвагонзавод”