„Реализацијата на државната програма за набавка на вооружување е во тек. Испораките се планирани за март”, изјави соговорникот на агенцијата.
Договорот за испорака на партија од повеќе од десет БМПТ на Министерството за одбрана на Русија е склучен на форумот „Армија-2017”. Истовремено се завршени тестирањата на борбеното возило, а неговата примена во Сирија, каде „Терминаторите” се бореа заедно со тенковите на владините сили на Сирија, ја потврдија нивната висока борбена ефикасност.
Верзијата на „Терминатор” за руската војска е изработена врз база на тенкот Т-90А. Место купола возилото има борбен модул со двоен топ калибар 30 милиметри, четири противтенковски наведувани ракети „Атака” со ласерски систем за наведување и два автоматски минофрлачи. Екипажот е составен од пет војници чија задача е неутрализација на заканите по тенковите: уништување на противтенковски орудија и ракетни системи, минофрлачи, но и уништување на оклопни цели заедно со хеликоптери.
Прочитајте колку нови „Терминатори“ планира да набави руската армија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче