Видео: Испратени првите „Терминатори“ за руската војска

„Терминатор-2“, DEFEXPO 2014.

„Терминатор-2“, DEFEXPO 2014.

Константин Завражин/Российская газета
Почна испораката на првите борбени машини за поддршка на тенкови „Терминатор“ за Вооружените сили на Руската Федерација, соопшти „Уралвагонзавод“, компанијата која го произведе оружјето.

„Teрминаторите“ се конечно испратени на долг пат со железница за вооружените сили. Во „Уралвагонзавод“ борбените машини за поддршка на тенкови се натоварени на специјални платформи. Корпорацијата ги изврши сите работи во рамките на државниот договор кој минатата година беше склучен со Министерството за одбрана на Русија, се вели во соопштението на холдингот.

Првата партија борбени машини за поддршка на тенкови БМПТ претходно беше темелно прегледана.

Од државната корпорација „Ростех“ претходно беше кажано дека „Уралвагонзавод“ ќе им испорача на Вооружените сили повеќе од десет БМПТ „Терминатор“.

Борбените машини за поддршка на тенкови се направени врз база на основниот тенк Т-90A.

Заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов изјави во август дека Министерството за одбрана решило да ги купи првите „Терминатори“ кои претходно само се извезуваа. Непосредно потоа, Сирија и Израел се заинтересираа за купување на борбените машини за поддршка на тенкови, пренесуваат медиумите.

Борисов неодамна соопшти дека колона „Терминатори“, кои инаку одлично се покажаа во кампањата во Сирија, ќе учествува на 9 мај на Парадата на Победата на Црвениот плоштад.

„Терминатор“ е повеќенаменска борбена гасенична машина со висока заштита за огнена поддршка, со моќно вооружување, современа опрема за управување со огнот и висока маневарбилност. Mоже да уништува лесно оклопни цели, тенкови и БМП и заедно со ПВО е  во состојба да се бори против хеликоптери и авиони на противникот кои летаат ниско со мала брзина.

Погледнете како се склопуваат „Терминатори”: Објавени фотографии од тајните одделенија на „Уралвагонзавод”

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња