Парада на победата 2017: симболичен отчет пред народот

Без оглед на невообичаено ладното време празнувањето сепак се одржа. На Црвениот плоштад поминаа повеќе од 10.000 војници и офицери заедно со техниката. Сепак авијатичкото шоу мораше да биде откажано.

За првпат оваа година на парадата ја покажаа арктичката техника – зенитните ракетно-топовски комплекси „Панцир СА“ и зенитните ракетни системи „Тор-М2ДТ“, а исто така и логистичките машини создадени за условите на Крајниот Север.

Освен нив на главниот плоштад на земјата минаа оклопниците „Тигар“ и „Тајфун“ во различни модификации, а исто така техниката на платформата „Армата“, сaмоодечки хаубици и  артилериски оружја. Меѓу нив беше и едно од најстрашните руски оружја – стратешките комплекси со интерконтинентални балистички ракети „Јарс“ и „Топољ-М“, а исто така и оперативно-тактичкиот комплекс „Искандер“.

Зошто парадата на 9 мај е симболична за Русија

Парадата на 9 мај е еден од најважните настани во земјата, смета поранешниот главен командант на РВСН генерал-полковник во пензија Виктор Есин.

„Тоа е симбол на приврзаност на традицијата, демонстрација на сила и истовремено послание. Целата срж на парадата е во зборовите на императорот Александар III наречен „Миротворец“: Русија има два сојузника – тоа се армијата и флотата“, вели генералот во пензија.

Како што забележа тој, тоа е и политичкото кредо и главниот вектор на руската политика – Русија е моќна, современа држава, способна да ги брани своите интереси, како по дипломатски пат, така и со употреба на сила.

„Имено затоа секоја парада е симболична. Во неа има товар, како за Русија, така и за нејзините ривали“, додава Есин.

Освен тоа, парадата на 9 мај претставува исто така симболичен отчет пред народот за тоа на што државата во последниве години потроши 22 билиони рубли (375 милијарди американски долари), издвоени на програмата за вооружување 2020.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња