Дали кинеската морнарица ќе застане до Русија во случај на масовен напад врз Сирија?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Кинеските поморски сили кои се наоѓаат во басенот на Средоземното море се подготвени да ѝ се потчинат на командата на руската Воена морнарица во случај на американски напад врз Сирија. Црноморската флота и добар дел од руските авиополкови за стратешка намена го подигнаа степенот на борбена готовност.

Според информациите што ги објави профилот на „Твитер“ War Time, кинеските борбени бродови кои се наоѓаат во Средоземното море добиле наредба, во случај на воена ескалација во овој дел на светот, да се стават под команда на руската Воена морнарица. Ова практично значи дека евентуалниот американски удар врз цели во Сирија нема да може да помине без активно учество и на Војската на НР Кина.

Истиот извор ја објави и информацијата дека Црноморската флота преминала во режим на полна борбена готовност, како и добар дел од единиците кои во својот состав имаат стратешки бомбардери. Имено, според тие наводи, од руската авиобаза Моздок полетала група бомбардери Ту-22М3 и одлетала во правец на Иран. Пред неколку дена на просторите на Сирија се префрлени и специјални противподморнички авиони И-38 „Новела“.

Од друга страна, радарските капацитети кои се поставени во Сирија, регистрираа силна активност на специјализираниот извидувачки апарат Boeing P-8A „Посејдон“, на пар стотици километри од Латакија. Овој авион со евидентен број 168439 интензивно ги набљудува сириските територијални води и копнената длабочина на потегот од Тартус па сѐ до Латакија.

На поширокиот простор на источниот Медитеран е забележан и авиотанкерот KC-10A, кој има задача да ѝ обезбеди на ловечко-бомбардерската авијација логистичка поддршка во снабдувањето со гориво.

Прочитајте повеќе: Руски ловци надлетувале американски разурнувач во близина на бреговите на Сирија