Руски ловци надлетувале американски разурнувач во близина на бреговите на Сирија

Слободан Ѓукиќ
Според информациите на турскиот весник „Хуриет“, група руски борбени авиони во низок лет го надлетувала американскиот разурнувач „Доналд Кук“ на 100 км од пристаништето Тартус. Ситуацијата е многу затегната, бидејќи бродот и понатаму се наоѓа во близина на сириските територијални води.

Американскиот ракетен разурнувач „Доналд Кук“ го напушти кипарското пристаниште во градот Ларнака и се упати кон сирискиот брег. Тој во моментов се наоѓа во близина на сириските територијални води. Според пишувањето на турскиот весник „Хуриет“, во моментот на приближувањето на овој брод до сириските територијални води одненадеж се појавиле руски авиони. Тие го надлетале четири пати и на тој начин го предупредиле да не оди понатаму. Авионите притоа летале на исклучително мала висина. Според пишувањето на овој весник во овој момент бродот се наоѓа на околу 100 км воздушна линија од руското воено пристаниште Тартус, кое се наоѓа на брегот на Средоземното море.

Инаку, ова не е првпат овој брод да има инцидент од сличен вид. Пред точно две години (11/12 април 2016 година) се случи сличен инцидент во акваторијата на Балтичкото море, кога истиот брод се доближи до военото пристаниште во Калининград. Тогаш според зборовите на американските офицери, руски борбен авион Су-24 во напаѓачки профил прелетал над командната кула, запрепастувајќи го екипажот. Судејќи според сѐ, се работи за уште еден провокативен маневар на американската Воена морнарица која ја испитува решителноста на руската војска да ги брани приодите до своите пристаништа.

Ситуација околу Сирија повторно се вжешти, како на дипломатски, така и на воен план по наводната примена на бојни отрови при операцијата на сириската војска во населеното место Дума/Дамаск. Ова упориште претставува последна оаза на исламистичкиот отпор во Дамаск и со негово успешно ослободување би била ставена точка на плановите за негово евентуално заземање.

Американскиот разурнувач „Доналд Кук“ припаѓа на четвртата генерација борбени пловила (класа Arleigh Burke) и во своето вооружување поседува крстосувачки ракети од типот „Томахавк“ со дострел и до 2500 км. Во стандардната варијанта овој брод обично носи до 56 ракети „Томахавк“, додека во ударната варијанта нивниот број може да 96 ракета на едно пловило. Покрај крстосувачки ракети, овој брод може да носи и пресретнувачи на балистички ракети RIM-161 Standard Missile 3 со што „Доналд Кук“ стана дел од американската програма за антибалистичка одбрана - Aegis Ballistic Missile Defense System.

Прочитајте повеќе: Колку комплекси „Панцир-С1“ ѝ испорача Русија на Сирија?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња