Покрај лансирањето на снимката првпат се прикажани работата на операторите и опремата за истрелување на противвоздушните ракети. Претходно овие податоци се третираа како доверливи.
Во објаснувањето на снимката се наведува дека современиот руски систем за ПВО има радари и станици за борбено и дежурен режим со домет на откривање на воздухопловни објекти до 600 километри и горна граница на детектирање од преку 100 километри. Меѓу нив се најновите радарски системи и станици „Небо-М”, „Подлет-К1”, „ВВО”, „Противник”, „Каста”, „Гамма” и други.
Како што соопшти рускиот воен ресор, секојдневно во состав на дежурните сили за ПВО-ПРО на борбено дежурство во рамките на воздушно-космичката одбрана се наоѓаат околу две илјади војници и цивилни стручњаци. Руските противвоздушни сили секојдневно на радарите детектираат и го следат движењето на максимум 100 летала.
До крајот на годината во состав на силите за ПВО на Русија ќе влезат уште три ракетни полкови со С-400 „Триумф”.