„Екипажот на стратешката нуклеарна подморница успешно ги реализираше задачите за борба против подводен непријател. Увежбани се маневри за избегнување на следење и напад од непријателска подморница по пат на поставување лажна цел“, објасни штабот на флотата.
Откако успеала да му избега на симулираниот непријател, подморницата извела симулирано гаѓање со торпедо за да го пробие мразот. На тој начин руските подморници на Арктикот го подготвуваат отворот за ракетно гаѓање.
„Во рамките на планираните маневри подморничарите на Северната флота увежбуваат заедничко дејствување, организација на комуникацијата, тактика на примена на оружјето во различни услови, стекнуваат пракса во пловење под мраз, пронаоѓање отвори во мраз и изнуркување меѓу санти, а исполнуваат и низа други задачи“, рече раководителот на прес-службата на Северната флота капетан прва класа Вадим Серга.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче