Крстосувачка ракета „Калибар“.
RBTHМинистерството за одбрана на Русија објави видео запис од успешното лансирање на крстосувачка ракета „Калибар“ од нуклеарната подморница „Северодвинск“ во Баренцовото море.
Лансирањето беше извршено врз цел на полигонот Чижа во Архангелската област. Растојанието до целта изнесуваше околу 600 километри, пренесува РИА „Новости“.
Ракетите „Калибар“ првично беа разработувани за вооружување на повеќенаменските нуклеарни подморници од Проектот 885 „Јасен“. Потоа тие станаа дел од вооружувањето на подморниците од Проектот 636 и површинските бродови. Дострелот на „Калибрите“ изнесува околу 2500 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче