Русија ќе прави четири вештачки острови во Баренцовото море

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев потпиша наредба за создавање четири вештачки острови во Колскиот залив во Баренцовото море, соопштува „Колско бродоградилиште“, фирма-ќерка на „Новатек“.

Договор за создавање на четири вештачки земјени парцели во Колскиот залив во Баренцовото море беше склучен меѓу „Колското бродоградилиште“ и Федералната агенција за поморски и речен транспорт на Русија (Росморречфлот). Островите ќе се прават за спроведување на инвестицискиот проект „Центар за изградба на големотонски поморски структури“ за сметка на „Колско бродоградилиште“, пренесува „Взгљад“.

„Новатек“ планира да инвестира над 25 милијарди рубљи – се предвидува создавање на специјализирано бродоградилиште кое треба да произведе армирани платформи од гравитациски тип за ТНГ-заводи, за платформи за дупчење и производствени платформи за крајбрежните проекти во западниот сектор на Арктикот, како и големотонски објекти за да се осигура работата на Северниот морски пат. Изградбата на центарот ќе создаде 10 илјади работни места.

Се предвидува изградбата на бродоградилиштето да почне до крајот на годината, а првите пловни ТНГ-фабрики треба да бидат поставени во 2018 година. Центарот за изградба ќе биде опремен до 2020 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња