Зенитното орудие е произведено 1927 година во московската фабрика за оружје „Калинин“. Топот минатата година на подрачјето на опсерваторијата „Маточкин Шар“ на архипелагот Нова земја го пронајдоа морнари на воена вежба и го доставија во арсеналот на Северната флота, каде што беше поправен.
На почетокот на март топот беше тестиран. По наредба на командантот на Северната флота адмирал Николај Евменков за орудието од 1927 година е подготвена специјална муниција за стрелба со различна сила.
На пристаништето во Североморск, главната база на Северната флота, успешно е тестирано зенитното орудие калибар 76 мм модел од 1914/15 година конструиран од Тарановски и Лендер, првото во Русија зенитно орудие наменето за уништување на воздушни цели, се вели во соопштението на службата за односи со јавноста на Северната флота.
Како што е истакнато, успешно се реализирани вкупно пет истрели. Орудието е воведено во оперативата евиденција во службата на ракетно-артилериското вооружување на Северната флота.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче