Повеќенаменски борбен авион Су-35С од генерацијата 4++.
Слободан ЃукиќДејв Маџумдар истакнува дека кинескиот ловец, всушност копија на рускиот Су-27, е во многу нешта сличен на рускиот Су-35С, иако заостанува според своите маневарски способности, електрониката и моторот. Кинеската индустрија ги следи во чекор другите земји во развојот на радиоелектронската опреме и американскиот експерт изразува сигурност дека Кинезите создаваат нови радари, средства за радиоелектронска борба, инфрацрвени сензори за пребарување и следење на цел.
Сепак, рускиот ловец од генерацијата 4++ е доминантен. „Су-35С е најсовршената верзија на ловците „Сухој“. Тоа е многу способен ловец и ако се произведува масовно, ќе биде сериозна закана за западните воздушно-космички сили“, смета авторот на публикацијата.
Инаку, повеќенаменскиот ловец не е посебен само поради своите маневарски способности. Радиолокацискиот систем за управување „Ирбис“ кој е поставен на Су-35С овозможува детекција на воздушни објекти на рекордно големо растојание - до 400 км, истовремено следење на максимум триесет, а гаѓање – на максимум осум цели.
Во Су-35 е вграден новиот руски мотор АЛ-41Ф-1С. Благодарение на него авионот е побрз и има поголеми маневарски можности и може да понесе повеќе муниција. Може, на пример, да подигне во воздух 8 тони високопрецизни бомби и ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче