Повеќенаменски борбен авион Су-35С од генерацијата 4++.
Слободан ЃукиќВо завршната етапа од тестирањето ќе се оцени ефикасноста на комплексот за автоматско управување со авионот и примена на оружјето во најтешките маневри.
„Во Воздушно-космичките сили сега се тестираат повеќе од 50 авиони Су-35С. Руските пилоти во Сирија високо ги оценија квалитетите на овој ловец и неговите борбени карактеристики“, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ за вооружување Јуриј Борисов на седницата на државната комисија.
Су-35С е најмодерниот руски ловец од генерацијата 4++ со врвни маневарски карактеристики. Има несекојдневни можности за маневрирање во воздушна борба, како и системи за откривање на противник оддалечен 400 километри. Борбените системи на авионот можат истовремено да следат 30 цели и да отворат оган врз осум цели.
Су-35С има 12 носачи на кои можат да се закачат осум тони ракети „воздух-воздух“ и „воздух-земја“ со различен радиус на дејство. Авионот може да гаѓа цели и кога е надвор од зоната на дејство на системите за противвоздушна одбрана на потенцијалниот противник.
Во овој момент Воздушно-космичките сили на Русија имаат 52 ловечки авиони Су-35.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче